
Велес,17 мај 2022 (МИА) – Општина Велес започна со одбележувањето на хоризонталната патна сигнализација на локалните улици и патишта. Поради непречено одвивање на сообраќајот, оваа активност се изведува во доцните ноќни часови кога нема сообраќај низ велешките улици.
Од Општината нагласуваат дека безбедноста на сите учесници во сообраќајот е на прво место, а акција ќе продолжи и во наредниот период. ад/бк/