Дописници МКДОпштински вести

Одбележан Денот на ослободувањето на Богданци

Со положување цвеќе пред спомен бистите на паднатите борци, денеска во Богданци свечено беше одбележан општинскиот празник 10 октомври, денот кога пред 77 години Богданци е ослободено од фашистичките окупатори.

Гевгелија, 10 октомври 2021 (МИА) – Со положување цвеќе пред спомен бистите на паднатите борци, денеска во Богданци свечено беше одбележан општинскиот празник 10 октомври, денот кога пред 77 години Богданци е ослободено од фашистичките окупатори.

На настанот присуствуваа општински делегации предводени од градоначалникот Блаже Шапов и претставници на боречката организација и продолжувачи на нивното дело, невладини организации и граѓани за да им оддадат достојна почит на загинатите борци за нашата слобода.

– Денеска празнуваме и чествуваме за храброста и делата на сите борци кои ги положија своите животи за слободата. Историјата го забележала овој датум како симбол за градење модерно, мирно и слободно Богданци. Нека ни е честит денешниот ден на ослободувањето на Богданци, како и утрешниот ден на македонскиот непокор, 11 Октомври, рече градоначалникот Шапов. им/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close