0_Македонија.ПорталОпштество

Одбележан Денот на Логистичката база на Армијата

Припадниците на логистичката база на Армијата на Република Северна Македонија денеска во касарната „Илинден“ го одбележаа 20 мај – Денот на Единицата.

Скопје, 20 мај 2022 (МИА) –  Припадниците на Логистичката база на Армијата на Република Северна Македонија денеска во касарната „Илинден“ го одбележаа 20 мај – Денот на Единицата.

На свеченоста присуствуваа заменикот на министерот за одбрана, Башким Хасани, заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, генерали во Армијата, претставници од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Генералштабот на Армијата и команданти на команди и единици.

Заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин во своето обраќање кажа дека логистичките единици изминативе 30 години, се дел од секоја армиска активност која се изведува во касарните, издвоените објекти и полигоните за обука.

– Би сакал да изразам благодарност за вашиот особен ангажман при извршување на мисијата – логистичка поддршка на командите и единиците, без кои извршувањето на мисиите на останатите единици во Армијата би било неизвесно, без оглед на нивната техничка опременост и обученост, истакна генералот Нуредин.

Командантот на Логистичката база, полковник Мухарем Мухареми по краткиот историски осврт за единицата, во своето обраќање пред присутните ја потенцираше важноста и придонесот на припадниците на ЛБ, кои даваа логистичка поддршка за успешна реализација на сите активности на Армијата во изминатиот период, охрабрувајќи ги да продолжат со нивното професионално извршување на задачите и давање на логистичка поддршка во вистинско време на вистинско место.

Во рамки на свеченоста, на припадниците од единиците и командата на Логистичката база им беа соопштени стимулативни мерки за постигнатите резултати во работата.

Во тековниот период, припадниците од Логистичката база овозможуваат непречена логистичка поддршка за спроведување на најголемата меѓународна вежба „Брз одговор 22“, која се изведува во Криволак, како и на сите останати активности во Армијата.

Логистичката база е носител на традициите на Разловечкото востание и првите логистички подготовки за отпочнување на истото, за што со Одлука на претседателот и врховен командант на Армијата за определување на денови на единици, 20 мај е одреден за Ден на ЛБ. ки/са/

Таг
Back to top button
Close
Close