Дописници МКДОпштински вести

Објавен јавен повик за финансирање стерилизација на женски кучиња во Берово

Под мотото „Стерилизирај ги твоите домашни миленици за да спречиш нивно неконтролирано разможување“, Здружението за заштита на животните „Про Анима“ од Берово објави јавен повик за финансирање на стерилизација на женски кучиња.

Берово, 20 септември 2021 (МИА) – Под мотото „Стерилизирај ги твоите домашни миленици за да спречиш нивно неконтролирано разможување“, Здружението за заштита на животните „Про Анима“ од Берово објави јавен повик за финансирање на стерилизација на женски кучиња.

Активноста, како што информираа од „Про Анима“, се реализира по претходно донесената одлука од страна на Советот на Општина Берово.

-Во согласност со донесената одлука за распределба на средства од Буџетот на Општина Берово наменети за програмски активности на здруженија и фондации, нашето здружение објавува повик за финансирање на стерилизации на 20 женски кучиња. Повикот е отворен за сопствениците на женски единки од Берово кои сакаат да бидат стерилизирани, а со цел да се превенира потомство и кученца за кои немаат соодветно решение, истакнаа од „Про Анима“.

Со цел успешна реализација на активноста од „Про Анима“ ги упатија заинтересираните да се пријават на јавниот повик.

-Заинтересираните е потребно да го однесат миленикот до најблискиот ветеринар во закажаниот термин. Интервенциите се бесплатни и целосно покриени од наша страна, додадоа од здружението „Про Анима“.

Преку ваквите активности, како што додадоа од Општината, превентивно се делува во намалувањето на бројот на улични кучиња. Нивниот број во минатото констатно беше во пораст. вс/рп/

 

Back to top button
Close
Close