Дописници МКДОпштински вести

Објавен повик за финансиска поддршка на штипски спортисти, здруженија и клубови

Општина Штип од вчера има јавен повик за материјална поддршка на спортските клубови, здруженија и институции. Аплицирањето е во четири категории, а конкурсот веќе е објавен и ќе трае до средината на март.

Штип, 8 март 2022 (МИА)Општина Штип од вчера има јавен повик за материјална поддршка на спортските клубови, здруженија и институции. Аплицирањето е во четири категории, а конкурсот веќе е објавен и ќе трае до средината на март.

Дејан Здравков, претседател на Комисијата за спорт при Советот на Општина Штип вели дека на повикот можат да конкурираат сите спортисти, клубови и здруженија, а има средства и за поддршка на спортски манифестации.

-Може да се  аплицира во четири категории, во кои спаѓаат котизација, односно годишна членарина за натпреварување во националните лиги, понатаму годишна програма за реализација на активности од спортската програма на клубовите, материјална поддршка за институциите кои имаат проект од особен придонес за развој на спортот, како и материјална поддршка за организација на спортски манифестации. Повикот ќе трае седум работни дена, до 15 март. Ќе може да се најде на официјалната страна на Општина Штип, на огласната табла и како соопштение во регионалните и националните медиуми, изјави Здравков.

Општина Штип секоја година по јавен повик одобрува и одвојува финансиски средства за поддршка на спортски клубови на подрачјето на општината. вдј/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close