Дописници МКДПолитички партии

Обраќање на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Свети Николе

СДСМ и коалиционите партнери на овие избори влегуваат како апсолутни фаворити, а нашата коалиција е разнолика и обединета како никогаш досега порача денеска во своето обраќање кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Штип, 27 септември 2021 (МИА) – СДСМ и коалиционите партнери на овие избори влегуваат како апсолутни фаворити, а нашата коалиција е разнолика и обединета како никогаш досега порача денеска во своето обраќање кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Тој посочи дека го слушаат гласот на граѓаните, нивните идеи и сугестии. Велковски ги повика противкандидатите на позитивна и фер кампања и да дадат пример на другите граѓани, а борбата да биде со подобри проекти, идеи и повисок животен стандард.

– Јас лично ќе водам позитивна кампања, во која ќе презентирам конкретни проекти и идеи за уште помодерно Свети Николе. За Свети Николе кое рамномерно ќе ги развива населените рурални  места и градот. За Свети Николе од кое ќе бидеме горди сите без разлика на политичката определба, вели Велковски.

Тој додаде дека во изминатите четири години, како градоначалник  реализирал  многу капитални инвестиции, изградени  и реконструиравме се патишта, тротоари, патеки.

– Реконструиравме училишта и градинки, после цела деценија реконструиравме поголем дел од пречистителната станица а во следниот мандат еден од првите приоритети и проекти е токму сто процентно пуштање во употреба на истата. Новата програма изобилува со нови капитални проекти, детално изработени проекти кои ја отсликуваат реалната слика на нашата општина, ги отсликуваат реалните потреби на сите наши граѓани, како од руралните средини така и од градското подрачје. Ве повикувам сите граѓани да се вклучите заедно со мене и тимот советници да успееме во нашата заложба! А тоа е подобра општина за сите, општина пример за цела држава, вели Велковски.

Тој порача дека  советничката листа на СДСМ за Општина Свети Николе  е составена од квалитетни кадри, спој од стари и млади, спој од искуство и прогресивност, спој од идеи и млада сила која влече напред.

– Токму поради тоа и сме најдоброто за нашата општина, за нашето Свети Николе, вели Велковски. вдј/сп/

Back to top button
Close
Close