Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Обновен коловозот на железничкиот премин кај велешки „Киро Ќучук“

На железничкиот премин во близина на фабриката „Киро Ќучук“ во Велес кој води кон населбата Керамидна е реконструиран  и модернизиран  коловозот на патниот премин со елементи од рециклирана гума.

Велес,18 октомври 2021 (МИА) – На железничкиот премин во близина на фабриката „Киро Ќучук“ во Велес кој води кон населбата Керамидна е реконструиран  и модернизиран  коловозот на патниот премин со елементи од рециклирана гума.

Реконструкцијата што ја извршија Општина Велес и ЈП Македонски Железници, според соопштението од општината, требаше да заврши до 8 месецов, но поради обилните дождови работите беа пролонгирани за неколку дена  и е повторно пуштен во функција минатата недела. Поради негова изградба десетина дена преку овој железнички премин  беше запрен патниот сообраќајот и се пренасочуваше по ул. „Луј Пастер“ кон детското игралиштето и кон игралиштето Тунел.

Како што наведуават од Општина Велес и ЈП МЖ, премин е прв од ваков вид во земјава според сите стандарди на премини и овозможува лесно поминување преку железничката пруга на сите возила и граѓаните кои поминуваат пеш преку него.

Од Општина Велес најавуваат  реконструкција и на патниот премин преку пругата која води кон велешката населба Речани на дел од пругата Велес-Кочани, а потоа и на останатите патни премини на железничката пруга низ градот.ад/лв/

Back to top button
Close
Close