Дописници МКДОпштински вести

Обновени тоалетите во основното училиште во Миравци

Инвестициските зафати за обнова на санитарната и комуналната инфраструктура во Oсновното училиште „Климент Охридски“ во Миравци, кои се реализираа со сопствени средства завршија со уредување на тоалетите на горниот кат, потврдија денеска од училиштето.

Гевгелија, 28 септември 2021 (МИА) – Инвестициските зафати за обнова на санитарната и комуналната инфраструктура во Oсновното училиште „Климент Охридски“ во Миравци, кои се реализираа со сопствени средства завршија со уредување на тоалетите на горниот кат, потврдија денеска од училиштето.

-Тоалетите на горниот кат се обложени со нови плочки затоа што претходно беше санирана и одводната канализациска мрежа која предизвикуваше проблеми со создавање влага од излевање на водата.Со нова санитарна опрема се уредени и тоалетите на првиот кат, велат од училиштето.

На приземјето од источната страна на училиштето е изграден и тоалет за лицата со попреченост со што училиштето ги надмина бариерите за лицата со посебни потреби и ги исполни неопходните услови за инклузивно образование.

Во наредниот период се очекува да почне и реконструкцијата на покривот на источното крило од училиштето за што во тек е тендерската постапка што ја распиша Министерството за образование и наука, како и повторената тендерска постапка за реконструкција на покривот на подрачното училиште во Милетково. им/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close