Дописници МКДОпштински вести

Обезбедени средства за втора фаза од реконструкцијата на водоснабдителната мрежа во беровско Владимирово

Со средства обезбедени преку Програма за управување со водите за 2022 година, од Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Берово ќе ја продолжи реконструкцијата на водоснабдителна мрежа во село Владимирово, информираа од Општина Берово.

Берово, 31 мај 2022 (МИА) – Со средства обезбедени преку Програма за управување со водите за 2022 година, од Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Берово ќе ја продолжи реконструкцијата на водоснабдителна мрежа во село Владимирово, информираа од Општина Берово.

Проектoт, како што додадоа, е дел од техничкото решение за реконструкција на водоводната мрежа во село Владимирово,  од Програмата за води во 2021 година, преку која претходно успешно беше финансиран првиот крак од водоводната мрежа.

-Со реконструкцијата на крак 2, од водоснабдителниот систем во село Владимирово,  ќе се заокружи поголема целина водоводна мрежа, во должина од  околу 1037,76 метри, со што во следната фаза ќе се овозможи и поврзување на останатите помали краци, предвидени со проектот за с.ело Владимирово, се вели во информацијата од Општина Берово.

Водоснабдителната мрежа се планира да биде реконструирана по сите современи стандарди со обезбедување соодветен проток и притисок на мрежата, до крајните корисници.

-За втората фаза од реконструкцијата на водоводната мрежа во село Владимирово, обезбедени се околу 2,7 милиони денари,  од Министерството за животна средина  и просторно планирање, додадоа од Општината.

Водоводот во село Владимирово е изграден во 60-тите години на минатиот век и неговата реконструкција,  често е истакнувана како приоритет на средбите со граѓани. вс/вј/

Таг
Back to top button
Close
Close