Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Обвинувања за насилство меѓу идни советници во Куманово

По вчерашниот физички напад на двајца советници во кумановски Средорек, кој е регистриран во СВР Куманово во кој инволвирани се советници, едниот од иницијативата „За Наше Куманово“, вториот од СДСМ, денеска повторно со обвинувања за насилство во Куманово, меѓу учесниците во вториот круг избори.

Куманово, 25 октомври 2021 (МИА) – По вчерашниот физички напад на двајца советници во кумановски Средорек, кој е регистриран во СВР Куманово во кој инволвирани се советници, едниот од иницијативата „За Наше Куманово“, вториот од СДСМ, денеска повторно со обвинувања за насилство во Куманово, меѓу учесниците во вториот круг избори.

Од тимот на независниот кандидат, Максим Димитриевски обвинија дека на нивна советничка демонстративно и бил одземен пропаганден материјал од советник на СДСМ.

– Вчера, повторно насилно однесување врз жена кандидат за советник од нашата граѓанска иницијатива. Во МВР пријавивме дека на кандидатот за советник Христина Алексовска на сила и е одземен пропаганден материјал од раце од страна на Момир Петрушевски кандидат за советник на СДСМ и истиот е демонстративно уништен. Апелирам, ваквите девијантни однесувања да престанат. Недозволиво е насилство врз жени, врз членови на нашиот тим, пишува Димитриевски.

Момир Петрушевски, кандидат за советник од редовите на СДСМ и коалицијата „Најдобро за мојата општина“, денеска обвини дека вербално бил нападнат и провоциран од тимот на Димитриевски пред неговиот дом во присуство семејството. Тој ги обвини опонентите за ширење невистини и најави кривична пријава пред надлежните органи за клевета.

– Дојдоа активисти на Димитриевски на мојата врата на домашна адреса, со пропаганден материјал и провокациски напади, „Ќе ве прегазиме, нема да знаете што ќе ви се случи после“, а на што претходеа непристојни зборови и понуди од страна на Александар Крстевски – човек на Димитриевски, а веднаш потоа и закани од страна на Драган Алексовски-Вуле. Сето ова се случи пред мојата влезна врата во присуство на мојата сопруга и малолетниот внук кои не беа должни да сведочат на ваков немил настан. Уште еднаш одговорно тврдам дека немало никакво насилство од моја страна. За овој настан ќе поднесам и приватна тужба против лицето, Драган Алексовски кој на секој можен начин се обидува да ме дискредитира, вели Петрушевски.

Тој кажа дека спротивниот табор ќе ги изгуби изборите и дека кумановци не залужуваат ваков „театар“. ам/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close