Дописници МКДОпштински вести

НРЦ: Социјално-ранливите категории генерално информирани за КОВИД-19

Кумановци генерално се информирани за Ковид-19, задоволни се од работата на лекарите од кумановската општа болница, а незадоволство искажале од матичните лекари кои на почетокот од пандемијата услугите ги пружале преку телефон, покажаа истражувањата на Националниот ромски центар (НРЦ).

Куманово, 22 декември 2021 (МИА) – Кумановци генерално се информирани за Ковид-19, задоволни се од работата на лекарите од кумановската општа болница, а незадоволство искажале од матичните лекари кои на почетокот од пандемијата услугите ги пружале преку телефон, покажаа истражувањата на Националниот ромски центар (НРЦ).

Извршниот дректор на НРЦ, Ашмет Елезовски на денешната прес-конференција посочи дека истражувањата ги опфатиле социјално ранливите категории во рамки на проектот „Да продолжиме да живееме“, поддржан од Владата. Од испитаните, најголем проблем пројавиле лицата кои немале документ кои не можеле да добијат здравствена услуга. Повеќе од половината примиле вакцина, 49 проценти не биле вакцинирани.

-На почетокот имаше поголемо незадоволство особено од матичните лекари кои не ги примале заболените во ординациите. Сметаме дека тоа се должи на недоовлната оргнизација, бидејќи имавме и позитивни примери. Генерално кумановци се задоволни од пружената нега и помош на кумановските лекари од општата болница, вели Елезовски.

Испитаниците покажле висок степен на информараност за болеста, но и за ефекисаноста на вакцините, иако дел, како што појасни Елезовски потпаднале под влијание на деизнформациите кои се проширија со иста брзина како вирусот.

-Сакаме да укажеме дека треба да бидеме храбри, да ја вратиме довербата да гледаме позитивно на животот и едноставно треба да мислиме дека треба да продолжиме да живееме, иако секојдневно сме заплашени, има се поголем раст на сиромаштијата, вакцинацијата, лекарствата коишто треба да се земаат, превентивните прегледи кај матичните лекари, со поддршка на Владата спроведовме активност која сериозно даде поттик на нас како да стигнеме до најсиромашните граѓани и како да ги информираме за да превентивно се заштитат од овој вирус, рече Елезовски.

Во анкетата биле опфатени 630 испитаници. Интересно е што оние најранливите кои живеат во субстандарни услови имале антитела на Ковид-19.

-Пораката на НРЦ до политичките претставници е дека луѓето имаат право на живот и тие не заслужуваат да бидат марионетки на интереси на поединци или на политики на одредени луѓе кои додека се живи се занимаваат со политика Важно е здравственаета заштита да биде достапна за сите, вели Елезовски. ам/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close