Дописници МКДОпштински вести

НРЦ го одбележува Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од холокаустот

Националниот ромски Центар (НРЦ) Куманово го одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот со едукативна дискусија која се одржа во просториите на здружението. Од НРЦ испратија порака дека овој ден не смее никогаш да се заборави и постојано треба да биде потсетник на жртвите од холокаустот.

Куманово, 27 јануари 2022 (МИА) – Националниот ромски Центар (НРЦ) Куманово го одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот со едукативна дискусија која се одржа во просториите на здружението. Од НРЦ испратија порака дека овој ден не смее никогаш да се заборави и постојано треба да биде потсетник на жртвите од холокаустот.

– Минатото е болно сеќавање, но не смее да се заборави. Холокаустот треба да се памети. Сите на планетава треба да продолжиме да се бориме за човековите права, за стопирање на раст на сиромаштијата, војни, конфликти, за побезбеден здрав и нормален живот. Сведоци сме на тешка светска ситуација со пандемијата, голем број на починати. Обврска е на секој од нас да не забораваме да се бориме за човековите права, секој ден, насекаде низ светот, рече извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски.

Точна бројка за жртви Роми од холокаустот нема, меѓутоа голема е бројката на Роми од простори на поранешна Југославија, Европа, повеќе од 500 Синти Роми биле жртви во логорот  на смртта и во другите логори во Европа, заедно со милиони жртви  Евреи и други народи за време на Втората светска војна.

– За време на тој период документацијата на депортираните Роми низ логорите во Европа била целосно уништена, рече Елезовски.

Генералното собрание на Обединетите нации официјално го прогласува овој ден во ноември 2005 година како Меѓународен ден на комеморација во спомен на жртвите на холокаустот.  ам/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close