0_Спорт.ПорталФудбал

Ноер сака да остане во Баерн барем до 2025 година

Баерн планира да го продолжи договорот со голманот Мануел Ноер. Актуелниот договор на 35-годишниот Германец истекува во летото 2023 година, но страните веќе разговараат за нов договор.

Минхен, 17 ноември 2021 (МИА) – Баерн планира да го продолжи договорот со голманот Мануел Ноер. Актуелниот договор на 35-годишниот Германец истекува во летото 2023 година, но страните веќе разговараат за нов договор.

Голманот е задоволен од сите услови во минхенскиот клуб и би сакал да го продолжи договорот најмалку до 2025 година. Сосема е можно страните да се договорат за деталите пред крајот на оваа година.

Ноер настапува за Баерн Минхен од 2011 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close