Свет

Нов биланс од бродската несреќа кај Сирија, 34 загинати мигранти

Сириските власти пронајдоа тела на 34 удавени мигранти во близина на северзападниот пристанишен град Тартус, а потрагата по преживеани продолжува, соопшти денеска сириското Министерство за здравство.

Дамаск, 22 септември 2022 (МИА) – Сириските власти пронајдоа тела на 34 удавени мигранти во близина на северзападниот пристанишен град Тартус, а потрагата по преживеани продолжува, соопшти сириското Министерство за здравство.

Настраданите се од брод со мигранти од Либан што се превртел во близина на сирискиот брег.

-Бројот удавени лица се искачи на 34, а 20 лица се згрижени во болницата Ал Базел во Тартус, соопшти Министерството кое предмалку објави за пронајдени тела на 28 загинати и 15 повредени лица.

Повеќето од мигрантите се Либанци и Сиријци, од кои некои се без документи.

Засега не се знае колку луѓе имало на бродот и каде точно се упатиле. аб/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close