Дописници МКДОпштински вести

Ново порибување на Калиманско Езеро

Спортско-риболовното друштво „Шаран“ од Македонска Каменица изврши порибување на Калиманско Езеро. Активноста, како што информираа од друштвото, финансиски е потпомогната од Општина Македонска Каменица и Рудник САСА.

Македонска Каменица, 7 декември 2021 (МИА) – Спортско-риболовното друштво „Шаран“ од Македонска Каменица изврши порибување на Калиманско Езеро. Активноста, како што информираа од друштвото, финансиски е потпомогната од Општина Македонска Каменица и Рудник САСА.
– Во оваа втора фаза беа пуштени 300 килограми ситен порибен материјал составен од 200 грамски единки на крап и 700 килограми матичен порибен материјал составен од капитални единки на крап од 2 до 6 килограми, информираа од СРД „Шаран“.
Порибниот материјал, како што додадоа, е од езерото Козјак од Репро центар „Миа екофиш“ кои одгледуваат риба за подмладување на рибниот фонд.
– Рибата би требало во пролетните месеци да се измрести со што значително ќе се збогати рибниот фонд во нашето езеро, додадоа од СРД „Шаран“.
Оваа активност, како што дополнија, е дел од повеќегодишната соработка на здружението „Шаран“, О
Општина Македонска Камедница и Рудникот САСА, кој обезбедува финансиска средства за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци. вс/дма/

Back to top button
Close
Close