Дописници МКДОпштински вести

Новогодишни украси од гипс изработуваат лица со попреченост од „Порака” во Неготино

Новогодишни украси од гипс изработуваат лица со попреченост од неготинска „Порака", информираа денеска од Здружението, соопштувајќи за бројните активности кои ги имаат нивните штитеници во Дневниот центар и станбените единици за живот со поддршка.

Неготино, 4 декември 2021 (МИА) – Новогодишни украси од гипс изработуваат лица со попреченост од неготинска „Порака”, информираа денеска од Здружението, соопштувајќи за бројните активности кои ги имаат нивните штитеници во Дневниот центар и станбените единици за живот со поддршка.

– Како и секогаш досега, овие лица ја покажуваат и докажуваат својата способност. Тоа значи дека и тие имаат таленти, можат да вложат максимум од себе, само треба да им се даде шанса. Во овие активности наидовме на поддршка и од вработени и дечиња од градинката, како и од вработени и ученици во основно училиште. Имено, како општествено одговорни и со заложба за инклузивно општество, тие купија од нашите украси. Дополнително, најмладите и основците ги обоија тие украси со својата креативност и им дадоа една нова димензија, појаснија од „Порака”.
Здружението, како што беше речено, години наназад се труди да им помогне на лицата со попреченост и нивните семејства.  свд/хс/

Back to top button
Close
Close