Дописници МКДКултураКултура.Портал

Новогодишен концерт на Центарот за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” од Делчево

Концертот, како што информираше директорот на установата Методи Толевски се одржа по пауза од две години, а настапија Фолклорната група ,,Вапцаров" и Женската пеачка група ,,Ѓурѓа" од Делчево, како и гости од Националната установа ,,Бели Мугри" од Кочани.

Делчево, 4 декември 2021 (МИА) – Во Делчево се одржа завршниот Новогодишен концерт на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” од Делчево. Концертот, како што информираше директорот на установата Методи Толевски се одржа по пауза од две години, а настапија Фолклорната група ,,Вапцаров” и Женската пеачка група ,,Ѓурѓа” од Делчево, како и гости од Националната установа ,,Бели Мугри” од Кочани.

-Задоволството по одржувањето на настанот е огромно, бидејки по две години пауза, успеавме да го реализираме овој концерт. Задоволен сум колку нашата група ,,Вапцаров” и Пејачката група ,,Ѓурѓа” напредуваат. Со ваквото претставување мислам дека може било каде да настапиме и достојно да ја претставуваме нашата земја, рече Толевски.

Честитки до сите членови на групата упати и кореографот Кристијан Трајановски кој со овој концерт на сите членови и присутната публика им ги честиташе Новогодишните празници.
За Ана Поп Михаилова, в.д директор на НУЦК ,,Бели Мугри“ од Кочани, учеството на овој настан претставува продолжување на соработката меѓу двете установи.
-Веднаш по добиената покана ја прифативме и одлучивме да бидеме гости. Нашата соработка трае многу долг, како што знаете бевме гости и на Голачките фолклорни средби и останува. Нашата соработка е многу важна, од фундаментално значење и така и ќе продолжи, додаде Поп Михаилова.
По одржувањето на Новогодишниот концерт, Центарот за култура додели благодарници за учесниците на Ликовниот конкурс по повод Меѓународниот ден на чицата со посебни потреби, со што и официјално беше отворена Ликовната изложба. вс/

Back to top button
Close
Close