Нови 163 случаи со КОВИД-19 и 110 оздравени пациенти во изминатите 24 часа
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 922 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи со КОВИД-19 и 110 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје (68 г и 73г), починати на ден 05.06.2022 во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.
+389 2 2461600
marketing@mia.mk