Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Нови претстави на аматерскиот театар од Демир Капија

Две нови театарски претстави има аматерскиот театар „Мирка Гинова" од Демир Капија, кој постои 58 години. Според градоначалникот Лазар Петров долгогодишното опстојување на демиркаписката театарска сцена е доказ дека Демир Капија отсекогаш ја негува културата, а бројните награди на актерите говорат за квалитетот во презентирањето на овој вид на уметност.

Демир Капија, 3 декември 2021 (МИА) – Две нови театарски претстави има аматерскиот театар „Мирка Гинова” од Демир Капија, кој постои 58 години. Според градоначалникот Лазар Петров долгогодишното опстојување на демиркаписката театарска сцена е доказ дека Демир Капија отсекогаш ја негува културата, а бројните награди на актерите говорат за квалитетот во презентирањето на овој вид на уметност.

Тој денеска беше дециден дека локалната самоуправа  продолжува со поддршката за културата. Потсети дека во изминатите две години имаше поголема инвестиција во Домот, за подобри услови за работа и културно живеење.

Директорката на општинската установа Дом на култура „Мирка Гинова”, Ордана Николова, во чии рамки работи театарот, појасни дека на репертоарот се комедијата „Ноќите во бел сатен” од Братислав Димитров, а во режија на Томе Атанасов и детската претстава „Бајка за бајките” во режија на Димче Бањански. свд/цр

 

 

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close