Дописници МКДОпштински вести

Нови директори во прилепските јавни претпријатија, советот бара контрола на досегашното работење

Новата локална власт во Прилеп веќе почна да назначува нови директори на институции во градот, советот бара контрола на нивното досегашно финансиско работење.

Прилеп, 16 ноември 2021 (МИА) – Новата локална власт во Прилеп веќе почна да назначува нови директори на институции во градот, советот бара контрола на нивното досегашно финансиско работење.

Благојче Стојаноски е новиот вршител на должност директор на домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ од Прилеп. Стојаноски, дипломиран економист, е од редот на вработените во Домот за стари лица и досега беше на местото советник за човечки ресурси. Toj на оваа функција доаѓа на местото на досегашниот директор, Мики Крстев.

Инженерот-технолог со 18-годишно работно искуство во приватна фирма, Игор Гулабоски, е новиот вршител на должност директор на прилепското јавно претпријатие „Водовод и канализација“. Гулабоски  од денеска е назначен на оваа функција и доаѓа на местото на досегашниот директор Емил Јанески, кој минатата недела поднесе оставка од функцијата.

На последната седница на Советот беше иницирано дека по назначувањето нови раководни лица, ќе има контрола на работењето во јавните институции, во Домот за стари лица, во прилепски водовод и во Комуналец, како и во локалната самоуправа. Советот ќе покрене постапка и надлежен орган ќе изврши контрола на материјално-финансиското работење на овие јавни институции.

Советниците не ги прифатија тримесечните извештаи за финансиското работење во Општината, во прилепски водовод и во Комуналец како и во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“. ем/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close