Дописници МКДОпштински вести

Нови врати и прозорци во Центарот за култура во Кичево

Во рамките на годишната програма на Министерството за култура во делот инвестиции, од страна на Центарот за култура во Кичево беше изготвен проект за промена на вратите и прозорците, за којшто ресорното Министерство издвои 655.000 денари.

Кичево, 4 декември 2021 (МИА) – Во рамките на годишната програма на Министерството за култура во делот инвестиции, од страна на Центарот за култура во Кичево беше изготвен проект за промена на вратите и прозорците, за којшто ресорното Министерство издвои 655.000 денари.

-Поради непходноста да се променат поголем број на врати и прозорци, по завршувањето на тендерската постапка Центарот за култура склучи договор со најповолниот понудувач компанијата„ Несмин комерц“ од село Пласница, во вредност од 1.038.400, за што деновиве сме во очекување да се зголеми првично одобрената сума од страна на Министерството за култура, нагласи директорот на центарот Мазлам Османи.

Со овие средства се предвидени да се заменат старите прозорци со квалитетни ПВЦ врати и прозорци со профили дебелина од 85 мм и седум комори и 24 мм термопан стакло, со што ќе се придонесе за зголемување на енергетската ефикасност на објектот.

-Реализацијата на овој проект се очекува да биде завршен до крајот на следната недела.Проектот предвидува демонтажа на старите прозорци и монтажа на нови прозорци како и санација на оштетувањата при демонтажа и монтажа на прозорците и вратите-додаде директорот Османи и нагласи дека досега се променети прозорците и вратите на тоалетите, задниот влез, гримиорните простории,канцелариите на долниот и на горниот кат во центарот, како и излозите на главниот влез од центарот.

Тој најави дека во текот на следните денови монтажата ќе продолжи со иста динамика, се до целосно завршување и поставување. за/ки/

Back to top button
Close
Close