Дописници МКДЛокални избори 2021Политика

Новиот градоначалник на Прилеп Борче Јовчески ја презеде функцијата

Со врачување на уверенијата за новоизбраниот градоначалник и на новите советници, а потоа и со чинот на примопредавањето на функцијата, Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја презеде функцијата нов градоначалник на Прилеп од претходниот градоначалник, Илија Јованоски.

Прилеп, 27 октомври 2021 (МИА) – Со врачување на уверенијата за новоизбраниот градоначалник и на новите советници, а потоа и со чинот на примопредавањето на функцијата, Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја презеде функцијата нов градоначалник на Прилеп од претходниот градоначалник, Илија Јованоски.

Општинската изборна комисија во големата сала на прилепската локална самоуправа им ги врачи уверенијата на Јовчески, како нов градоначалник која ја освои мнозинската доверба на гласачите во првиот круг на локалните избори на 17 октомври, како и на 27-те новоизбрани членови на општинскиот совет.

Новоизбраниот прилепски градоначалник Јовчески по чинот на примопредавањето на функцијата од претходниот градоначалник Илија Јованоски рече дека уште од утре ќе почнат работните ангажмани да се оствари сето она што беше ветено во текот на предизборната кампања.

– Благодарам за поддршката што граѓаните ми ја дадоа и во наредните четири години ќе работам на промените кои ги ветивме преку проектите во нашата програма. Мојата врата, како градоначалник, ќе биде ширум отворена за сите граѓани и на жителите од населените места. Проблемите од секојдневието ќе бидат решени, ќе работиме со мене и со советот, рече Јовчески.

Честитајќи му ја функцијата-градоначалник на Прилеп, претходникот на Јовчески, неодамнешниот градоначалник Илија Јованоски му посака успех и да се остварат најавените проекти за граѓаните.

– Му го честитам мандатот во наредните четири години на мојот колега, д-р Борче Јовчески. Уверен сум дека ќе биде во функција на сите граѓани, ќе ги направи замислените проекти и ќе ги реализира во нарендиот период. Му посакувам, пред сѐ, добро здравје, изјави Јованоски.

За утре се очекува конститутивната седница на општинскиот совет кој брои 27 советници, од кои 15 се од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, 10 од СДСМ и коалицијата и двајца советници на Левица. ем/ев/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close