Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Новиот градоначалник на Виница, Миле Петков вети дека Општината ќе биде сервис на граѓаните

Новоизбраниот градоначалник на Виница, Миле Петков од коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ денеска ја презеде функцијата и вети остварување на заложбите Општината да биде вистински сервис на граѓаните.

Виница, 27 октомври 2021 (МИА) – Новоизбраниот градоначалник на Виница, Миле Петков од коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ денеска ја презеде функцијата и вети остварување на заложбите Општината да биде вистински сервис на граѓаните.

На примопредавањето тој се запозна со досегашната работа на локалната самоуправа, со акативностите што се во тек, како и со проектите чија реалзиација ќе почне до крајот на оваа година.

-Општината ќе биде сервис на сите граѓани и секој кој има каква било потреба или услуга од локалната самоуправа, ќе биде навремено и правилно услужен. Во најскоро време ќе почнеме да ги реализираме и проектите што ги ветив во мојата предизборна програма. Очекувам размена на искуства и успешна соработка со вработените во општинската администрација, истакна Петков.

Неговиот претходник Ивица Димитров, му посака успех во работата и порача дека  граѓаните очекуваат продолжување на инфраструктурните и други проекти за Виница да биде модерна и урбана средина за живеење.

– До крајот на оваа година треба да почне поврзувањето на општината со пречистителната станица за опадни води во Кочани, поставувањето на термоизолациона фасада на општинската зграда, изградба на неколку сообраќајници, а во изработка се проекти за осветлување на градскиот парк и за покривање на старата и изградба на нова трибина на градскиот стадион. Општината сега е со намалени долгови за 50 милиони денари, а новиот градоначалник ќе треба да ги доврши почнатите проекти за нов градски пазар, кино сала, водовод и канализација во селото Јакимово, булеварски влез во градот, локални патишта и друго, истакна Димитров.

Новиот градоначалник на Виница, Петков беше избран во првиот круг на локалните избори, при што го победи токму Димитров како кандидат на коалицијата на СДСМ, со разлика од 1.378 гласа. та/сст/

Back to top button
Close
Close