Дописници МКДОпштински вести

Нова термоизолациска фасада на училиштето во Демир Капија

Во текот на денешниот ден беше извршен технички прием на новата термоизолациска фасада на основното училиште „Димче Ангелов-Габерот“, информираа попладнево од оваа воспитно образовна институција.

Демир Капија, 20 септември 2021 (МИА) – Во текот на денешниот ден беше извршен технички прием на новата термоизолациска фасада на основното училиште „Димче Ангелов-Габерот“, информираа попладнево од оваа воспитно образовна институција.

– На техничкиот прием присуствуваа претставници од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција, претставници од  општината, претставници на фирмата изведувач и надзорот на објектот, соопштија од училиштето.

Оттаму појаснија дека покрај поставувањето на енергетски ефикасна фасада, беше извршено и фарбање на лимениот дел од кровната конструкција, а беше реконструирана и предната тенда и беа поставени нови лимени олуци.

– Во тек е изведба на градежни активности на југоисточната и северозападната страна на училишната зграда кои се спроведуваат со финансиски средства обезбедени од училиштето и општината, информираа од „Димче Ангелов-Габерот“. свд/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close