Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Нова опрема за собирање и транспорт на отпад во Делчево

Во Делчево во повеќе населби и населени места дистрибуирани се нови контејнери за подобрување на јавната чистота во градот.

Делчево, 30 октомври 2021 (МИА) – Во Делчево во повеќе населби и населени места дистрибуирани се нови контејнери за подобрување на јавната чистота во градот.

Активноста ја реализираат екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ во рамки на проектот „Набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад во Источен и Североисточен плански регион.

– Станува збор за 169 контејнери што се поставуваат во градот и населените места, со што ќе се одговори на потребите на граѓаните и фирмите, но и значително ќе се подобри состојбата со управување со комуналниот отпад, а ќе се превенира и создавање диви депонии, информираат надлежните од претпријатието.

Проектот, како што додаваат, е финансиран со средства од ИПА-програмата за регионален развој на Европската Унија.

Претходно, Општина Делчево во рамки на овој проект финансиран исто така со средства од ИПА- програмата доби возило за собирање отпад со капацитет од 4м3. вс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close