Дописници МКДПолитички партии

Николоски: Одговорност на службениците во МНР заради притисоците врз македонските членови на Мешовитата комисија за историски прашања

Оставката на Ванчо Ѓорѓиев од функцијата член на македонскиот дел од Мешовитата комисијата за историски прашања е скандал сам по себе. Комисијата е формирана со цел историчарите да разговараат за историјата, а не политичарите, изјави денеска во Охрид потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Охрид, 23 октомври 2021 (МИА) – Оставката на Ванчо Ѓорѓиев од функцијата член на македонскиот дел од Мешовитата комисијата за историски прашања е скандал сам по себе. Комисијата е формирана со цел историчарите да разговараат за историјата, а не политичарите, изјави денеска во Охрид потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

– Постои јасен притисок врз работата на Комисијата. Се одважи професорот Ѓорѓиев да даде оставка и на тој начин да предупреди, да каже што се случува. Долго време предупредувавме дека Заев сака да разговара за историјата, Пендаровски исто така еден период го прогласуваше Гоце Делчев за бугарин. Ги гледаме механизмите на власта која е во заминување, рече Николоски.

Тој порача дека самиот министер и службениците во МНР кои вршеле притисоци ќе сносат одговорност после смената на власта.

Коментирајќи ги актуелните македонско-бугарските односи, Николоски рече кога станува збор за релациите на ниво на двата народа тие се добри, па и одлични, спротивно на политичките елити кои меѓусебно се лажат, како што рече „Заев го лаже Радев, Радев го лаже Заев, што е прашање на карактери“. аб/aa/

Таг
Back to top button
Close
Close