Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Николов му посака успешна работа на новиот штипски градоначалник Иван Јорданов

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов на денешната прес-конференција во неговиот кабинет се заблагодари на граѓаните, кои во декември 2020 му ја дадоа поддршката да биде градоначалник на Штип.

Штип, 18 октомври 2021 (МИА) –  Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов на денешната прес-конференција во неговиот кабинет се заблагодари на граѓаните, кои во декември 2020 му ја дадоа поддршката да биде градоначалник на Штип.

-Ми беше привилегија и со задоволство, максимален труд и залагање успеавме во овие девет месеци да направиме Штип да биде една општина во развој, еднаква за сите наши сограѓани, рече Николов.

Порача дека вчера на демократски и фер избори граѓаните го дадоа својот глас за другиот противкандидат.

-Го дадоа својот глас за кандидатот, за којшто сметаат дека треба да ги води во наредните четири години. Му посакувам на новиот градоначалник успешна работа, на нашите сограѓани здравје и среќа во својот живот, рече Николов. вдј/ир

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close