Локални избори 2021Политички партии

Николовски: Секој глас за помалите партии е глас за Заев, гласајте за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 6 октомври 2021  Го знаете овој бандитот кој што сега е градоначалник, и што направил и колку направил, ама знаете и претходно како се работело и колку се сработило и можете да ја направите разликата.  Одликата на СДСМ е дека бандитите владеат со партијата. Тоа е клучна разлика помеѓу нас и СДСМ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на митингот во Зелениково.

Скопје, 6 октомври 2021 
Го знаете овој бандитот кој што сега е градоначалник, и што направил и колку направил, ама знаете и претходно како се работело и колку се сработило и можете да ја направите разликата.  Одликата на СДСМ е дека бандитите владеат со партијата. Тоа е клучна разлика помеѓу нас и СДСМ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на митингот во Зелениково.
Николоски истакна дека клучната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е тоа што во СДСМ се тие малкумина кои што во време на транзицијата се збогатиле, додека другите се во ВМРО-ДПМНЕ.
Сакам да ја објаснам клучната разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Често луѓе знаат да ме прашат абе кој ќе ги гласа овие, имајќи во предвид дека сите знаеме дека се бандити, национални предавници, дека десната на левата рака не и верува и дека мислат само на сопствениот интерес. Од прилика тие кои што го гласаат СДСМ се фамилиите, семејствата кои што ја покрадоа Македонија во 90тите година, во годините на транзицијата, во годините кога 300.000 луѓе останаа без работа, во годините кога се затворија фабриките и земјоделските комбинати и во годините кога малкумина се обогатија, тие нивните деца и внуци гласаат за СДСМ. Сите останати сме во ВМРО-ДПМНЕ и затоа сме апсолутно мнозинство и затоа убедливо ќе ги победиме на овие избори, додаде тој.
Николоски рече дека актуелниот градоначалник од СДСМ после 17ти октомври ќе одговара за криминалот во општината, додавајќи дека каде и да се свртат граѓаните се е бандит до бандит од СДСМ.
Каде и да се свртите каде и да видите се е бандит до бандит. Овде бандитот си го знаете, сега е градоначалник, беше и претходно, се виде неговото,  ама после 17 ти октомври други институции ќе се занимаваат со него, кои што не се викаат општинска администрација, се викаат истражители, организиран криминал, обвинителство, судство. Тоа му е патот после 17ти, нека спрема пари за адвокати затоа што ќе одговара за криминалот кој што го стори во општината, вели Николоски.
Николоски ги повика граѓаните да гласаат за кандидатот за градоначалник на општина Зелениково од ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека секој глас за помалите политички партии е всушност глас за Зоран Заев и СДСМ.
Глас за помалите политички партии е глас за Зоран Заев, истакна Николоски од Зелениково.
Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

——————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close