0_Web_Насловна-слајдерБизнисБизнис.ПорталБизнис.СлајдерВидео изјаваДописници СветЕкономијаОпштество

Николовски: „Отворен Балкан“ функционира, нема чекање, задржување на камионите и царински процедури

Тоа што е потпишано веќе се спроведува, нема задржување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури, рече Николовски.

Белград, 27 јануари 2022 (МИА) – Министрите за земјоделство на Србија, Албанија и Северна Македонија денеска го посетија царинскиот и дитрибутивен центар крај Белград каде беше прикажано како се контролираат стоките што се увезуваат и продаваат во Србија, во рамките на „Отворен Балкан“.

-Може да констатираме од она што го видовме на граничниот премин Табановце и на царинскиот склад крај Белград, дека македонскиот ајвар, македонските производи се извезуваат за само неколку часа во Србија, на полиците на маркетите овде во Белград. Само неколку часа се потребни за сите процедури на граничните премини и другите административни формалности и тука го гледаме ефектот од потпишаните меморандуми и договори од „Отворен Балкан“, како функционира на дело, изјави министерот Љупчо Николовски.

Тој додаде дека на граница повеќе камионите не застануваат, туку одат директно на местото на истовар каде се врши единствена контрола и се признаваат нашите акредитирани анализи и за само неколку часа производите се низ маркетите во Србија.

Според Николовски, целта е зголемување на извозот и на размената, која само во поглед на земјоделските производи во трите земји од „Отворен Балкан“ изнесува триста милиони евра.

Српскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Бранислав Недимовиќ како пример го посочи ајварот што вчера беше испратен од Северна Македонија во Србија, а веќе денеска се очекува да се најде на српските пазари.

Зборувајќи за придобивките од Отворениот Балкан, Недимовиќ изјави дека за храната веќе нема граници.

-Во Албанија во моментов работиме на измени на три закони кои се неопходни за усогласување поради договорот што го потпишавме. Тие следниот четврток ќе бидат во собраниска процедура, а кога парламентот ќе ги ратификува споменатите амандмани, и ние целосно ќе го спроведеме договорот“, рече албанската министерка Фрида Крисца.

Министерот Николовски потенцираше дека за Северна Македонија, Србија и Албанија од особено значење ќе биде и другите земји од регионот да се приклучат кон иницијативата „Отворен Балкан“, бидејќи овие иницијативи го движат и економски го унапредуваат целиот регион.

Денешната посета на министерот Николовски на царинскиот терминал во Белград е во рамки на одржувањето на саемот „Агро Белград“. Николовски го посети и македонскиот штанд. Се работи за специјализиран саемско-конференциски настан посветен на овоштарството, лозарството и градинарството.

-На македонскиот штанд се претставуваат девет компании од повеќе сектори и подршката од Министерството како на овој саем, така и на останатите ќе остане и преку програмите и оваа и следната година и ќе продолжиме да даваме подршката на целокупниот агросектор во нашата земја, изјави Николовски. об/мч/

Back to top button
Close
Close