Дописници МКДОпштински вести

Николовски го врачи Пехарот на хуманоста за здравствените работници во Крива Паланка

Годинашниот пехар на хуманоста што традиционално го доделува Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка, беше доделен на здравствените работници од Крива Паланка по повод Светскиот ден на волонтерството, 5 Декември.

Крива Паланка, 7 декември 2021,( МИА) – Годинашниот пехар на хуманоста  што традиционално го доделува Општинската организација на Црвен  крст Крива Паланка, беше доделен на здравствените работници од Крива Паланка по повод Светскиот ден на волонтерството, 5 Декември.
Пехарот што носи порака на хуманост, чесност и искреност го врачија вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски, заедно со волонтерите и секретарот на Црвен Крст – Крива Паланка, Дарко Пешовски.
-По повод Денот на волонтерството го посетивме вакциналниот пункт во Крива Паланка. Ја имав честа, на медицинскиот персонал во здравствениот дом проф. др. Димитар Арсов, кој работи во Вакциналниот пункт и волонтерите, да им го врачам Пехарот на хуманоста кој како традиција се пренесува од 2018 година и носи порака на хуманост, чесност и искреност. Ми претставува особено задоволство што во рамки на оваа посета ги донирав патните трошоци што ми следуваа во текот на претходната година и кои ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства, истакна Николовски.
Секретарот на ОО Црвен крст, Крива Паланка, Пешовски истакна дека волонтерите и волонтерството го претрставуваат потенцијалот на заедницата да одговорат на предизвиците во локалното окружување.
-Нема поголема чест и задоволсттво од тоа да им помагаш на другите, да дадеш придонес кон мир, соживот, добробит и добар живот, насмевка и радост на лицата на другиот. Ова е наша мисија како волонтери на најхуманата светска организација Црвен крст и црвена полумесечина, но несомнено, мисијата наша надалеку, низ целиот свет, но и локално, кај секоја единка на заедницата во годинава што истекува , втора пандемска година, ја дисперзираа и најсилно ја шират здравствените работници. Затоа, со длабок наклон и мал чин на голема почит им го врачивме симболичниот Пехар на хуманоста, заслужен со секој нивен атом енергија во борбата со Ковид-19 и борбата за здравје и подобро утре на  граѓаните, рече Пешовски.
На чинот на врачување присуствуваа и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски и директорот н а ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка , Бранко Стаменковски.ид/бк/

Back to top button
Close
Close