Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Никола Кутаноски го извади светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга

Триесет и пет годишниот тренер по пливање и триатлон ноќеска сонувал дека шета со светиот крст и дел од собраните средства ги донира за изградба на црквата кај Женска плажа. Токму тоа била и причината што по 10- ти пат скокнал по крстот во студениот Дрим.

Струга, 19 јануари 2022 (МИА) – Никола Кутаноски од Струга беше најсреќниот меѓу многубројните верници што скокнаа и го извади Светиот крст од осветените водите на реката Црн Дрим.

Триесет и пет годишниот тренер по пливање и триатлон ноќеска сонувал дека шета со светиот крст и дел од собраните средства ги донира за изградба на црквата кај Женска плажа. Токму тоа била и причината што по 10- ти пат скокнал по крстот во студениот Дрим.

– Дестти пат скокам по крстот. Секоја година од исто место и иста страна. Прв пат го фаќам. Чуството е неописливо. Ноќеска сонував дека годинава што ќе шетам со крстот и дел од собраните пари ги донирам за изградба на црквата кај Женска плажа. Со таа цел дојдов и со таа цел скокав, изјави Кутаноски.

Црквата, годинашните кумови браќата Тoмче и Стефчо Голабоски и голем број верници го даруваа со пригодни подроци. сс/цр

Таг
Back to top button
Close
Close