0_Web_АктуелноДописници МКДОпштествоОпштински вести

Нивото на Охридското Езеро се спушти на минимумот од 693,10 метри надморска височина

Нивото на водата во Охридското Езеро падна на дозволениот минимум, на котата 693,10 метри надморска височина или 16 сантиметри под просекот за овој период од годината.

Охрид, 25 ноември 2021 (МИА) – Нивото на водата во Охридското Езеро падна на дозволениот минимум, на котата 693,10 метри надморска височина или 16 сантиметри под просекот за овој период од годината.

Температурата на водата е 12,5 степени Целзиусови, што е за 0,3 степени под просекот за ноември.

Билјанините извори на испустот кај Студенчишта се веќе два месеци без вода, но тоа е само дел од изворите оттаму што водата се користи и како каптажа за системот за водоснабдување на градот и дел за потебите на Хидробиолошкиот завод.

 

Слична неповолна хидролошка состојба беше и ланската година кога во ноември водостојот падна и сантиметар под минимално дозволеното ниво од 693,10 метри надморска височина.

Дијаметрално спротивна беше ситуацијата во 2018 година кога водостојот на езерото беше драстично повисок од дозволениот максимум определне на 693,75 м.н.в., кога достигна ниво и од 694,03 метри надморска височина или 93 сантимметри повиско ниво отколку денеска. аб/лв/

Back to top button
Close
Close