0_Спорт.ПорталКошарка

Неш: Во следните недели Харден ќе биде во врвна форма

Тренерот на Бруклин, Стив Неш, вети дека ѕвездата на тимот, Џејмс Харден наскоро ќе ја подобри својата игра.

Њујорк, 26 октомври 2021 (МИА) – Тренерот на Бруклин, Стив Неш, вети дека ѕвездата на тимот, Џејмс Харден наскоро ќе ја подобри својата игра.

  • Харден е сè уште одличен играч, дури и сега кога не е во својата најдобра форма. Сè уште веруваме во него. Џејмс ќе го достигне својот врв во наредните недели, изјави Неш.

На четири натпревари од почетокот на сезоната, Харден има просек од 17,3 поени, 7,0 скока и 8,3 асистенции по натпревар, шутирајќи 36,4 % од поле. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close