Дописници МКДОпштински вести

Непречено се спроведува вакцинацијата против Ковид-19 во Здравствениот дом во Куманово

Непречено се спроведува вакцинацијата во вакциналниот пункт на Здравствениот дом во Куманово, соопштија денеска надлежните. Последниве денови поголем интерес за вакцинирање има кај помладата популација за прва доза, а за трета доза најмногу заинтересирана е повозрасната популација.

Куманово, 1 декември 2021 (МИА) – Непречено се спроведува вакцинацијата во вакциналниот пункт на Здравствениот дом во Куманово, соопштија денеска надлежните. Последниве денови поголем интерес за вакцинирање има кај помладата популација за прва доза, а за трета доза најмногу заинтересирана е повозрасната популација.

– Досега, од почетокот на имунизацијата, аплицирани се над 96.000 вакцини против Ковид-19, од нив 47.000 дадени како прва доза, а над 45.000 како втора доза. Трета доза примиле околу 3.600 граѓани, изјави координаторот на вакциналниот пункт во Здравствениот дом во Куманово, Валдрим Мифтари.

Лекарите апелираат граѓаните да се заштитат од Ковид-19 преку вакцинација. Тие појаснуваат дека евентуалните несакани последици после имунизацијата најчесто се локални реакции, болка на местото на убодот, црвенило и слични симптоми кои траат најмногу три дена и се издржливи.

– Апелирам до сите граѓани што побрзо да ја искористат нивната можност за вакцинација, да одат во најблискиот пункт за вакцинација да се вакцинираат, бидејќи тоа ни е моментално најдостапно оружје против Ковид-19 за спречување на тешките форми на болеста, изјави д-р Монализа Мемети. aм/рп/

Back to top button
Close
Close