Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Непречено се гласа во Прилеп, до 13 часот гласале 32 проценти од избирачите

Непречено тече изборниот процес во Прилеп на 141 избирачко место на кои своето право на глас денеска го остваруваат 63 436 граѓани.

Прилеп, 17 октомври 2021 (МИА) – Непречено тече изборниот процес во Прилеп на 141 избирачко место на кои своето право на глас денеска го остваруваат 63 436 граѓани.

Според Општинската изборна комисија во Прилеп до 13 часот гласале 32 проценти од избирачите. Во тек е прибирање на податоци за најновиот одзив на избирачите.

Како што информира Валентин Божиноски, претседател на Општинската изборна комисија, одредено забавување на процесот прави барањето отпечаток на прстот за идентификација.

– Нема проблеми, ниту пријавени приговори за изборниот процес. Има одредена забавеност во процесот при земањето отпечаток на прстот, но тоа го решаваме во од и каде што е така, се применува класичниот начин на идентификација и се приложува отпечаток во избирачкиот список. Имаме и решаваме пет приговори на гласачи кои им е истечена личната карта, но ги има во избирачките списоци, издаваме формулар од Комисијата за ваквите случаи, вели Божиноски.

Непречено тече и гласањето во Крушево, Кривогаштани и во Долнени. Процентот на одзивот на гласачите до 13 часот е: во Крушево 33,6, во Долнени 23,19 насто и во кривогаштани 32,88 проценти од запишаните избирачи.ем/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close