
Скопје, 12 јануари 2022 (МИА) – Без вода денеска од 9:40 часот се корисниците од „Домазетовска“, „Корџевска“, „Сердарот“, „Илија Ристовски“ и „Јустинијан Први“ во населбата Драчево во Општина Кисела Вода.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-100 мм на улица „Домазетовска“ бр.5.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.фф/лв/