Дописници МКДОпштински вести

Неколку илјади метри квадратни земјиште опожарени близу Тетово

Пожар зафати неколку илјади квадратни метри обработливо земјиште и разни насади вечерва на потегот од Тетово кон Желино долж стариот пат кон Скопје. Огнот бил забележан и пријавен во противпожарната единица околу 18 часот и 20 минути.

Тетово, 17 септември 2021 (МИА) – Пожар зафати неколку илјади квадратни метри обработливо земјиште и разни насади вечерва на потегот од Тетово кон Желино долж стариот пат кон Скопје. Огнот бил забележан и пријавен во противпожарната единица околу 18 часот и 20 минути.

-Станува збор за пожар на отворен простор, според наши првични проценки на повеќе илјадници земјиште. Сметаме дека со ефикасна интервенција спречивме пожарот да се доближи до големиот број производствени капацитети и многу отпади кои се наоѓаат на овој потег од Тетово по стариот пат за Скопје до Желино. Пожарот е ликвидиран за помалку од два часа, информира Ука Алити, командант на територијалната противпожарна единица Тетово.

На пожарот било дојдено со три противпожарни возила со цистерни, а огнот го гаселе осум пожарникари. ас/рп/

Back to top button
Close
Close