0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.Слајдер

Неизвесно дали боксот и кревањето тегови ќе бидат дел од Олимпијадата во 2024 година

ретседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах изјави дека учеството на боксот и кревање тегови на Олимпијадата во Париз во 2024 година се доведени во прашање.

Лозана, 28 октомври 2021 (МИА) – Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах изјави дека учеството на боксот и кревање тегови на Олимпијадата во Париз во 2024 година се доведени во прашање.

– Комитетот е загрижен за овие два спорта бидејќи има сериозни проблеми во управувањето во овие федерации. Затоа, многу внимателно ја следиме ситуацијата и ќе донесеме одлука што е можно поскоро во интерес на спортистите, рече Бах во интервју за „Франс Инфо“.

Претседателот не знае дали каратето може да стане олимписки спорт на трајна основа.

– Процесот на дистрибуција на дисциплина е веќе завршен пред Игрите во Токио. Би било премногу тешко да се продолжи сето ова. Ние комуницираме не само со Карате федерацијата, туку и со другите меѓународни федерации кои ги полагаат своите надежи за учество на Олимпијадата, додаде Бах.

Натпреварите во бокс на Олимписките игри се одржуваат од 1904 година, а кревањето тегови од 1896 година. Олимписките медали во карате се доделија за прв пат на Олимпијадата во 2020 година, а спортот беше вклучен во програмата само за Игрите во Токио.

Летните олимписки игри 2024 година ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close