0_Спорт.ПорталОстанато

Недев му подари монографија на светската легенда Сенсеи Хироши Шираи

На меѓународниот карате семинар одржан викендов во Кематен, Австрија, свое излагање имаше светската легенда Сенсеи Хироши Шираи 10 дан.

Кематен, 26 септември 2021 (МИА) – На меѓународниот карате семинар одржан викендов во Кематен, Австрија, свое излагање имаше светската легенда Сенсеи Хироши Шираи 10 дан.

На семинарот учествуваа над 250 каратисти од цела Европа меѓу кој Дејан Недев.

Овој семинар беше од големо значење бидејќи беа презентирани многу нови борбени техники-комбинации и кати со бункај – апликации.

-На крај од семинарот Дејан Недев ја искористи можноста да му подари на Сенсеи Шираи, карате монографија по повод 50 години карате во Македонија информираат од МТКФ. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close