Дописници МКДОпштински вести

Невреме со град го зафати струмичко Ново Село

Невреме проследено со град, силен ветер и грмотевици го зафати регионот на струмичко Ново Село вечерва околу 18:00 часот.

Струмица, 6 декември 2021 (МИА) – Невреме проследено со град, силен ветер и грмотевици го зафати регионот на струмичко Ново Село вечерва околу 18:00 часот.

Според очевидци, градот паѓал околу 15 минути. Тие велат дека за овој период од годината е невообичаено да паѓа град и тоа сув.

Зрната од градот не биле големи и според првичните сознанија најмногу штета предизвикале на автомобилите. рт/са/

Back to top button
Close
Close