0_Магазин.ПорталМагазинСцена

На ѕвездата на „Сплетки“, Патрик Мареј му бил отстранет тумор на белите дробови

Патрик го глуми Мики во 20 епизоди од серијата „Сплетки“. Откако во 2003 година заврши снимањето на легендарната хумористична серија, тој доби неколку улоги, но на крајот реши да ја напушти глумата, па стана таксист во Кент.

Лондон, 27 јануари 2022 (МИА) – На Патрик Мареј, ѕвезда на британската хит-серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses), му бил дијагностициран малиген тумор на белите дробови. Глумецот по повод отстранувањето на туморот пред извесно време и закрепнувањето, се огласи на Твитер.

„Пред некој ден видов проглас на властите во којшто се советува секој кој страда од надуеност, болка или непријатност во стомакот и има проблеми со запек, да побара од својот матичен лекар да го упати на ултразвук. Тоа е целосно безболно и може да ви го спаси животот“, пишува тој. – „Сега зборувам од сопствено искуство… Секако дека би сакал да го чувам моето здравје во тајност, но би било целосно себично да не ја прифатам улогата во оваа реклама. Благодарение на ултразвукот имам можност да се борам, оти тоа покажа дека на моите органи им се потребни дополнителни тестови“, додаде тој.

Потоа вели дека одел на ултразвук со месеци.

„Многумина ја обвинуваат возраста и непријатните доживувања за овие симптоми или само мислат дека имаат слаб стомак. Не ги игнорирајте тие симптоми ако траат”, заклучува тој.

Патрик го глуми Мики во 20 епизоди од серијата „Сплетки“. Откако во 2003 година заврши снимањето на легендарната хумористична серија, тој доби неколку улоги, но на крајот реши да ја напушти глумата, па стана таксист во Кент.

Инаку, неговиот колега од екранот, Џон Чалис почина во септември лани, по долга борба со ракот.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close