Дописници МКДОпштествоОпштински вести

На штипското Инфективно одделение се лекува само еден пациент со коронавирус

Само еден пациент од коронавирус е хоспитализиран на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип, информираше денеска началничката, Дијана Шишкова-Гајдарџиска.

Штип, 24 ноември 2022 (МИА) – Само еден пациент од коронавирус е хоспитализиран на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип, информираше денеска началничката, Дијана Шишкова-Гајдарџиска.

Таа посочи дека во изминатите два месеци на одделението се лекувале вкупно 13 пациенти од целиот регион, кои биле со потешка клиничка слика, а терапија во дневна болница примиле тројца пациенти.

– Во моментов имаме само еден пациент и на одделот изминатиот период немаме починат пациент, во изминатите два месеца, вели Шишкова-Гајдарџиска.

На листата, нагласи таа, се тројца специјалисто инфектолози на одделението и се единствени во источниот регион.

-Двајца имаме во тек на специјализација, една колешка можеме да кажеме дека е прикрај, наредната година очекуваме да се врати, а другата колешка ни е на втора година на специјализација од потребни пет специјалисти на одделението. Очекуваме да имаме поголем број на специјалисти и да се распишат нови специјализации за инфектологија, рече Шишкова-Гајдарџиска.

Наведе дека подвижниот рендген апарат, што е донација од јапонскиот народ им овозможува на лице место да се прави дијагностиката на тешко болните пациенти, кои до пред неколку месеци со комбе и со боци со килсород биле транспортирани до одделот за Рендген.  вдј/цр/

Таг
Back to top button
Close
Close