Дописници МКДОпштински вести

На фер избори се обврзаа двајцата кандидати за градоначалник на Јегуновце

Единствените двајца кандидати за градоначалник на Општина Јегуновце со потпис се обврзаа денеска дека ќе го почитуваат Кодексот за фер и демократски избори. Дарко Блажески од СДСМ и Димитар Костадиноски од ВМРО ДПМНЕ се единствените кандидати за функцијата.

Тетово, 23 септември 2021 (МИА) – Единствените двајца кандидати за градоначалник на Општина Јегуновце со потпис се обврзаа денеска дека ќе го почитуваат Кодексот за фер и демократски избори. Дарко Блажески од СДСМ и Димитар Костадиноски од ВМРО ДПМНЕ се единствените кандидати за функцијата.

-Ние, учесниците во изборниот процес, се обврзуваме дека ќе ги почитуваме сите закони, правила и прописи кои се релевантини за изборите и ќе го почитуваме владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите, стои во Кодексот кој го потпишаа двајцата кандидати за градоначалник.

Двајцата кандидатите доаѓаат од Општина Јегуновце,  Блажески е досегашниот градоначалник додека Костадиноски е економист и вработен во локалната самоуправа.  ас/хс/

 

Back to top button
Close
Close