0_Web_Актуелно0_Инфопакет.Портал0_Македонија.ПорталИнфопакетОпштествоСостојба на патиштата

На „Табановце“ се чека 40 минути, на „Богородица“ половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На ГП Богородица за излез се чека од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Скопје, 5 август 2022 (МИА) – Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На ГП Богородица за излез се чека од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Back to top button
Close
Close