0_Спорт.ПорталСпортФудбал

На Мундијалот во Катар ќе биде забранет секс меѓу невенчани

За време на Светското фудбалско првенство 2022 во Катар, ќе има забрана за интимни односи меѓу невенчани лица.

Лондон, 22 јуни 2022 (МИА) – За време на Светското фудбалско првенство 2022 во Катар, ќе има забрана за интимни односи меѓу невенчани лица.

Според „Дејли стар“, сексот официјално ќе биде забранет за фудбалерите, персоналот и навивачите кои ќе дојдат на турнирот. Прекршувањето на ова правило може да доведе до седум години затвор.

– Сексот е надвор од нашата листа, освен ако не дојдете како маж и жена. На овој турнир дефинитивно нема да има секс за една вечер. Нема да има забави. Секој мора да се контролира ако не сака да ризикува да заврши во затвор. На Светското првенство годинава за прв пат во историјата беше воведена забрана за секс. Навивачите мора да бидат подготвени, цитира полициски извор „Дејли стар“.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември во пет градови. Турнирот ќе се одржи за прв пат на Блискиот Исток и воедно е прво Светско првенство во земја со мнозинско муслиманско население. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close