0_Спорт.ПорталСпортФудбал

На Модриќ му било чудно да го гледа Меси во дресот на ПСЖ

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ призна дека му било тешко да се навикне на настапите на Лионел Меси за Пари Сен-Жермен.

Мадрид, 3 јули 2022 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ призна дека му било тешко да се навикне на настапите на Лионел Меси за Пари Сен-Жермен.

– За мене беше чудно да го гледам Меси во дресот на друг клуб по сите изминати „Ел класика“. Но, со Нејмар и Мбапе, ПСЖ има неверојатен спектар на таленти, изјави Модриќ, за „Football Espana“.

Аргентинецот се пресели во парискиот клуб на 10 август 2021 година од Барселона. Во ПСЖ од каталонскиот клуб се пресели и Нејмар на 3 август 2017 година. Во сезоната 2021/22, ПСЖ го освои францускиот шампионат.

Меси минатата сезона постигна 11 гола и 15 асистенции на 34 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close