Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

На манифестацијата „Пишуваме и твориме на српски јазик“ се пишуваа стихови за детството

Триесет ученици од осум училишта беа учесници на денешната деветта детска поетска манифестација „Пишуваме и твориме на српски јазик“ („Пишемо и стварамо на српском језику“) која се одржи во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј во Лешок. Тие пишуваа и читаа стихови на српски јазик на тема за детството („Своје детињство у стихове стави“).

Тетово, 22 октомври 2021 (МИА) – Триесет ученици од осум училишта беа учесници на денешната деветта детска поетска манифестација „Пишуваме и твориме на српски јазик“ („Пишемо и стварамо на српском језику“) која се одржи во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј во Лешок. Тие пишуваа и читаа стихови на српски јазик на тема за детството („Своје детињство у стихове стави“).

-Како секоја година има три дела на манифестацијата. Покрај пишувањето и читањето на детска поезија имаме поет од Србија кој доаѓа на манифестацијата и се претставува со неговите стихови пред учесниците. Оваа година тоа беше Срѓан – Сиѓа Живковиќ. Воедно учениците на манифестацијата во третиот дел од активностите се запознава со творештвото на некое од имињата на српската поезија за деца, овој пат со големиот поет Мирослав Мика Антиќ, по повод 35 годишнината од неговата смрт, изјави Соња Андонов, претседателка на Здружението.

Манифестацијата ги собира учениците од основните училишта кои наставата ја следат на српски јазик, како и деца кои имаат српско потекло и се од други основни училишта во Македонија.

Сметам дека се потребни вакви манифестации во денешно време на глобализација и интернет бидејќи се помалку деца творат. Фестивалите на кои се промовира детско творештво се потребни на целата планета, истакна српскиот поет Срѓан – Сиѓа Живковиќ.

Од 2019 година во образовниот систем како изборен предмет се нуди Јазик и култура на Србите од трето до деветто одделение. ас/ев/

Back to top button
Close
Close