Дописници МКДЛокални избори 2021

На гласачко место 0543 во Дебар излезноста до 18:30 часот 67,9 отсто

Изборниот тек на гласачкото место 0543 во Дебар, каде се прегласуваше и за градоначалник и за советници има многу повисока излезност споредно со првиот круг од гласањето, потврдуваат од Општинската изборна комисија.

Дебар, 31 октомври 2021 (МИА) –  Изборниот тек на гласачкото место 0543 во Дебар, каде се прегласуваше и за градоначалник и за советници има многу повисока излезност споредно со првиот круг од гласањето, потврдуваат од Општинската изборна комисија. 

Според комисјата до 18:30 часот од вкупно запишаните 777 лица со право на глас, гласале 526  или 67,9 отсто. 

Во првиот круг правото на глас до 18:30 часот го оставариле 440 граѓани или 56 отсто од гласачите. 

На ова гласачко место во првиот круг, до 19 часот  правото го искористија 484 или 62,29 отсто. вт/сст/

 

Back to top button
Close
Close