0_Македонија.ПорталВременска прогнозаОпштество

Најмногу дожд во Демир Капија, Тетово и Скопје

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврана во Демир Капија 20 литри на метар кавдратен, 12 во Тетово, девет во Скопје и по три во Виница и Гевгелија, соопшти УХМР.

Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) – Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврана во Демир Капија 20 литри на метар кавдратен, 12 во Тетово, девет во Скопје и по три во Виница и Гевгелија, соопшти УХМР.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, само на места со слаб локален дожд. Утрово во југозападните делови е сончево, а долж Повардарието има пороен дожд, на места со ретки грмежи.

Претпладне на места ќе има зголемена облачност и повремен локален дожд со ретки грмежи. Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. УВ=7

Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност и повремен дожд со ретки грмежи. Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.

Back to top button
Close
Close