Локални избори 2021Политички партии

Најдовски: Создаваме нова иднина – Нови работни места, решавање на проблемот со водоснабдувањето, нови паркови и патна инфраструктура

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Демир Хисар Никола Најдовски на вечерашниот мини митинг се заблагодари за поддршката од граѓаните во првиот круг од изборите посочувајќи дека тие во неделата испишале историја.

Демир Хисар, 22 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Демир Хисар Никола Најдовски на вечерашниот мини митинг се заблагодари за поддршката од граѓаните во првиот круг од локалните избори посочувајќи дека тие во неделата испишале историја.
-За прв пат во овие 30 години независност, од позиција на опозиција извојувавме нерешен резултат и влегуваме во втор круг на локални избори, а на 31-ви октомври, веќе сум сто отсто убеден дека заедно, обединети и сплотени, ќе извојуваме голема победа за ВМРО-ДПМНЕ, голема победа за Демир Хисар и нашата Македонија, рече Најдовски.
Ги повика неговите сограѓани да ја прочитаат неговата програма за овие локални избори и да се уверат во нејзината реализација на проекти за Демир Хисар и околните населени места кои ќе донесат нова иднина.
-Преку реализација на овие проекти, комплетно ќе се промени ликот на нашата општина, ќе се подобри патната и комунална инфраструктура, ќе се подобри водоснабдувањето во општината, ќе се изградат нови пешачки патеки, паркови, повеќенаменски спортски игралишта, ќе се реконструираат училишните згради, но и ќе се обрне посебно внимание кон социјалната заштита на социјално загрозените семејства и најважно од се, општината ќе обезбеди услови со што ќе се содаде позитивна бизнис клима за привлекување на домашни и странски инвеститори и отворање на нови работни места. Работни места кои ќе овозможат достоинствен живот за нашите сограѓани и повисок животен стандард, рече Најдовски.
На мини митингот во Демир Хисар зборуваше и Весна Јаневска, а се обрати и лидерот на партијата Христијан Мицкоски. ев/лв/

Back to top button
Close
Close